Диего Марадона (57) ја побара за жена својата девојка Росио Олива на нејзиниот 28-ми роденден и тоа по втор пат! По турбулентното лето и бурните сцени на СП во Русија, Марадона реши дека е време да се смири и ја изненади својата двојка со дијамантски прстен.
На прсославата на нејзиниот роденден во Бела Виста, Роси ја прифатила понудата, а веридбата била залиена со солзи и со скапоцен Дин Перињон, објавија светските медиуми.
28-годишната Роси Олива е поранешна аргентинска фудбалерка. Со Марадона е во врска од 2012 година, а легендарниот фудбалер прв пат и понудил брак во 2014 година во Рим, но без прстен. Во вториот обид Марадона ја комплетирал понудата со дијамант.
На Марадона ова ќе му биде втор брак. Со првата сопруга Клаудија Вилафан беше во брак 17 години и имаат две ќерки Далма Нереа (33) и Џанина (29).
Марадона има и вонбрачен син, Диего Синагра (31) од врската со Италијанката Кристијана Синагра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА