Легендарниот фудбалски ас Диего Марадона по судски пат побара неговата поранешна сопруга Клаудија Вијафане и ќерката што ја имаат од заедничкиот брак, Џанина, да завршат во затвор, затоа што во периодот од 2000 до 2015 година од неговите сметки украле над 4 милиони евра. Во тој период, Клаудија имала дозвола за пристап до неговите финансиски сметки, но заедно со Џанина, која е поранешна сопруга на Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер сити, наводно преку „операција на перење пари“ најголем дел од нив си ги присвоиле.
„Што мислите дека ќе направи Диего, ќе го моли судијата да не ја осуди? Не може да се сопре истрагата, затоа што веќе се е во надлежностите на федералното биро“, изјави адвокатот на Марадона, Матијас Морла.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА