Марадона со порака до Меси: Ти не си виновен за ништо…

Целокупната фудбалска јавност ги споредува Диего Армандо Марадона и Лионел Меси околу тоа кој е најдобар аргентински фудбалер на сите времиња, но големиот Диего реши тоа ривалство да го тргне на страна и да му изрази поддршка на Меси во пресрет на клучниот меч на „гаучосите“.

Меси се наоѓа под огромен притисок поради промашениот пенал со Исланд и очајното издание против Хрватска, но Марадона јавно му порача дека не смее вината да ја бара кај себе.

„Ти не се виновен за ништо, апсолутно за ништо. Јас те сакам како секогаш, те почитувам како секогаш. Одигра за мене извонреден мундијал, ги растури сите противници. Затоа, на денот на твојот роденден, ти ја праќам оваа порака од срце“ – му порача Марадона на Меси во текот на вчерашниот ден, кога ѕвездата на Барса го прослави својот 31. роденден.

 

Се вчитува...