Марадона – тренер во „кокаинскиот рај“ во Мексико

Диего Армандо Марадона прифати тренерска работа во втората мексиканска лига, откако се согласи да го преземе кормилото на Дорадос де Синалоа, клуб што се бори за опстанок во втората лига од оваа земја.

Предизвикот чуден за аргетинската фудбалска легенда, но не толку ако се земе во предвид „позадината“ на овој клуб. Имено, Синалои е град што важи за „кокаински рај“ во оваа држава, а според медиумите со клубот раководи еден од најозлогласените картели во Средна Америка.

„Свој на своето… наркоманот дојде во Синалои“ – објавија мексиканските медиуми, гласно сомневајќи се во мотивите на аргентинската фудбалска легенда.

Се вчитува...