Марадона во животот успеа да изгуби речиси се – Се што му остана се само 75 илјади евра

Најдобриот фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона во средата почина на 60-годишна возраст во својата родна Аргентина. Целиот свет жали за прераната загуба на најдобриот кој иако многу заработи од фудбалот поради животот кој го живееше успеа многу и да изгуби. Во своето време беше најплатениот фудбалер во светот, а многу пари заработуваше и на црно, особено во времето поминато во Наполи.

По завршувањето на кариерата имаше многу спонзорски договори, а работеше и како тренер, меѓу кои и беше и селектор на репрезентацијата на Аргентина. Сепак, светските медиуми пренесуваат дека на неговата сметка останале само 75 илјади евра, што за стандардите на модерниот фудбал тој бил сиромашен човек.

Тој не ја криеше својата мрачна тајна, а самиот во неколку наврати призна дека на дрога, алкохол и убави жени потрошил преку 10 милиони долари.

Се вчитува...