Диего Марадона го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино дека апсолутно ништо не направи досега во неговиот мандат за било каква промена во фудбалската игра по заминувањето на Сеп Блатер.
Инфантино дојде на чело на ФИФА откако Блатер во 2015 година доби шест години суспензија поради сомнеж за исплата од два милиони франци на тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини.
Марадона, под водство на Инфантино, се најде и како дел од програмот „ФИФА легенди“, но набрзо поднесе оставка незадоволен од неговиот третман.
„Му испратив писмо на Инфантино дека не сакам повеќе да бидам капитен на ‘ФИФА легенди’. Откако Блатер замина од ФИФА ништо не е променето. Тие воопшто не ги почитуваат големите имиња како што сме Ван Бастен, Гулит и јас. Бобан, пак, ги прифати лошите работи. Тој е послушник на Инфантино, јас не сум момче од 20 години, имам 58 години и тие работи што тие ги прават навистина ме навредуваат“ – вели Марадона.
Новите избори за претседател на ФФМ се закажани за 5. јуни, а Инфантино би требало да има противкандидат во името на Рамон Вега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА