Марадона: За малку ќе умрев, горд сум на моите момци

Легендарниот Диего Армандо Марадона не успеа да обезбеди промоција во првата лига во Мексико, откако неговиот Дорадос де Синаола загуби во плеј-офот од Атлетико Сан Луис. Атлетико беше подобар по продолженија со 1-0 во вториот дуел од двомечот, откако првиот натпревар заврши 1-1, и успеа да ја освои титулата во Клаусура и да обезбеди промоција во повисок ранг.

„За малку ќе умрев. Но, во ред е. Тажен сум за момците“, изјави Марадона.

Вториот пораз на тимот во истата рунда од натпреварувањето го става под знак прашалник продолжувањето на договорот на легендарниот Марадона. Сепак, тој вели дека тимот е во нагорна линија по неговото доаѓање, бидејќи минатата сезона беа на 13. место од вкупно 15, а годинава по четиринаесет натпревари без пораз, беа на чекор до промоција во повисок ранг.

Се вчитува...