Марадона заврши во клиника за лечење од алкохолизам

По минатонеделната операција на субдурален хематом, легендарниот фудбалер Диего Марадона сега е примен во институција за лечење на зависност од алкохол, пренесува Би-Би-Си. Аргентинецот беше пуштен од болница во средата по компликуваниот хируршки зафат врз неговиот мозок, за денеска повторно да замине во клиника, овојпат за лечење од алкохолизам.

„Добро е тоа што Диего е прибран, Диего е цврст“ – изјави неговиот менаџер и адвокат Матијас Морла за Би-Би-Си.

Марадона на 2. ноември беше примен во болница во Ла Плати поради анемија, дехидрација и депресија, а по деталните лексарски прегледи беше утврдено дека станува збор за крварење во мозокот по што тој беше експресно опериран.

„Диего го помина може и најтежкиот момент во неговиот живот и мислам дека е чудо тоа што пронајдоа крварење во мозокот, можеше да го чини и животот“ – додаде Морла.

Во моментот само најблиското семејство може да го посети 60-годишниот Марадона во клиника за рехабилитација.

Се вчитува...