„Маракана“ експлодираше: Бока на колена – Флуминенсе во „крвав“ меч по продолженија до прв трофеј во Копа Либертадорес! (ВИДЕО)

Вистинска драма на „Маракана“ во Рио де Жанеиро во финалето на Копа Либертадорес. Онака како што се очекуваше во крајно драматичен меч на крај по продолженија славеше бразилски Флуминенсе со 2-1 против аргентинската Бока јуниорс за свој прв трофеј во јужноамериканската Лига на шампиони.

Неверојатениот натпревар беше најавен со голот на Чано за водство на Флуминенсе уште во 36. минута од средбата.

Но, во второто полувреме Бока јуниорс израмни во 72. минута со погодокот на Адвинсула, па мечот отиде во продолженија.

А, низ продолженијата гол на Џон Кенеди во 99. минута за ерупција на „Маракана“.

До крајот на дуелот, во крајно тензични минути, стрелецот Кенеди во 102. минута заработи и исклучување поради неспортско однесување, а кај Бока во 105. минута исклучувања заработи Фабра.

Се вчитува...