Македонскиот пливач Александар Илиевски реализираше неверојатен подвиг пливајќи 71 километар во Охридското езеро.
Илиевски пливајќи од Градското пристаниште во Охрид до Св. Наум, па до Струга и завршувајќи во Охрид, патеката од 71 километар ја исплива за 15 часа, 21 минути и 38 секунди. На Градското пристаниште беше пречекан од голем број охриѓани, туристи и вљубеници во пливањето.
Подвигот на Илиевски е одлична најава за пливачките настани кои овој месец ќе се одржат во Охрид. На 14. август ќе се одржи „Len Open Water Cup 2021“. На 21. август, во водите на езерото ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон, а на 28. август на програмата е трката од ФИНА програмата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА