Марчело Липи заминува во пензија

Италијанскиот стратег Марчело Липи сериозно размислува за да стави крај на долгогодишната тренерска кариера. Тој во моментот е селектор на Кина, неговиот договор истекува во јануари 2019 година, а тогаш најверојатно и дефинитивно ќе се збогува со активностите во фудбалот.

„Сакам да се вратам дома. Имам договор со важност до 31 јануари 2019 година, до крајот на турнирот во Купот на Азија. Ќе видиме што ќе се случува, но мислам дека тоа ќе ми биде последната работа. Дали ќе ја напуштам Кина во јануари. Да, тоа е моја дефинитивна одлука“, изјави Марчело Липи.

Се вчитува...