Марега бесен: Расистите се идиоти, а судијата нека не ми се појавува пред очи…

Муса Марега го привлече вниманието на европската фудбалска јавност откако реши да го напушти теренот среде натпреварот Гимираеш – Порто, откако цело време беше расистички навредуван од страна на домашните навивачи. Марега преку социјалните мрежи испрати порака до оние кои го навредуваа, но и до судијата на натпреврот.

„Сакам да им порачан на оние идиоти кои одат на стадиони за расистички да навредуваат – Одете во пеколот. Исто така, сакам да му се заблагодарам на судијата што не ме бранеше и што ми даде жолт картон бидејќи си ја бранев бојата на кожата. Подобро нека не ми се појавува веќе пред очи, се надевам дека никогаш нема да го видам на терен, тој е за срамота“, напиша 28-годишниот Марега на својот твитер-профил.

Нешто подоцна, во интервју за „RMC” проговори за случувањата за време на натпреварот.

Тие почнаа уште од загревањето, се обидов да ги игнорирам, но се повторуваа и стануваа се погласни како што одминуваше времето. Цело време слушав мајмунски извици, стана невозможно да играм додека луѓето околу ми се смееја поради бојата на кожата. Доживеав неверојатно понижување, не знаев како поинаку да реагирам, затоа го напуштив теренот“, истакна Марега.

 

Се вчитува...