Енди Мареј повторно беше опериран во обид да стави крај на повредата на колкот што го мачи неполни две години, за да си ја спаси тениската кариера. Британецот претходно најави дека е подготвен да се пензионира со настап на овогодинешното издание на Вимблдон, но по поразот во првото коло од Австралија опен призна дека се уште чувствува силна болка поради која не може да игра на високо ниво.
Токму затоа Мареј вчера бил опериран во клиника во Лондон, се со цел конечно да ја добие битката со тешката повреда.
„Во текот на вчерашниот ден во Лондон врз мене беше извршена операција на колкот. Се уште сум цел со модринки, но се надевам дека ова е крај на болката. Сега имам метален колк“ – напиша Мареј на својот инстаграм-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА