Мареј елиминиран на стартот на Австралија Опен

Поранешниот „рекет“ број еден на светот, Енди Мареј претрпе нова елиминација на стартот на еден грен-слем турнир. Британскиот тенисер беше поразен на отварањето на Австралија Опен од страна на Томас Мартин Ечевери кој славеше со 3-0.

Аргентинецот за два часа и 24 минути игра славеше со 6-4, 6-2 и 6-2 со што се пласираше во следното коло во кое за противник ќе го има Гаел Монфис кој пак со 3-0 (6-4, 6-3 и 7-5) претходно славеше над Јаник Ханфман.

Се вчитува...