Британскиот тенисер Џејми Мареј и Швајцарката Мартина Хингис го освоија Вимблдон во микс-дубл, откако во финалето ја совладаа финско-британската комбинација, Хенри Континен и Хедер Вотсон со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).
Британско – швајцарскиот тандем за првпат се закити со заеднички трофеј на гранслем турнирите во конкуренција на мешани двојки. За Мареј ова е втор трофеј во кариерата во микс-дубл, откако 2007 година го освои Вимблдон и со Јелена Јанковиќ, додека Хингис пред две години триумфираше во Лондон со Леандро Паес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА