Британскиот тенисер Енди Мареј, на крајот од март треба да почне со тренинзи, а на терен би требало да се врати во јуни пред почетокот на сезоната на трева.
Мареј кој на 8 јануари имаше операција на колкот, нема одиграно официјален натпревар уште од Вимблдон минатата година. Британските медиуми повикувајќи се на извори блиски до тенисерот, објавија дека рехабилитацијата на Мареј се одвива според планот и дека тој сега тренира во теретана.
„Јас сигурно нема да брзам. Ќе се потрудам рехабилитацијата да ја одработам онака како што треба“ – изјави Енди Мареј по операцијата во јануари.
Шампионот на Вимблдон од 2013 и 2016 година, одигра два егизбициски натпревари против Роџер Федерер и Робертo Батиста Агут, пред да се повлече од Австралија Опен и да се реши за операција на колкот.
Сезоната на трева почнува во почетокот на јуни, а турнирот во Вимблдон на програмата е на од 2 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА