Енди Мареј најави дека по Австралија опен тој ја завршува својата кариера, но сепак Британецот по новата операција ќе се обиде повторно да се врати на терените. Неговата мајка Џуди за британските медиуми откри дека Енди полека се опоравува од операцијата која можеби и му ја спасила кариерата.
Таа истакна дека нејзиниот син се обидува да ја добие битката со колкот, што повторно го оперираше на крајот на јануари.
„Опоравувањето оди прилично добро, а тој напорно работи. Не мина многу од операцијата и само времето ќе покаже дали ќе може повторно да му се врати на тенисот. Никој не знае колку ќе му треба и дали ќе успее да се опорави“ – изјави Џуди Мареј.
Таа додаде дека Мареј психички се чувствува одлично и дека доколку некој може да се врати од ваква повреда, тоа е нејзиниот син.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА