Мареј не се предава: Ја откажа операцијата за да се врати на терените

Британскиот тенисер Енди Мареј преку социјалните мрежи сподели видео на кое тренира и воедно објави дека нема да оди на операција на повредениот зглоб.

Последниот АТП турнир на кој играше Мареј беше турнирот од Мастерс 1000 серијата во Мајами каде по маратонски натпревар беше поразен од Чехот Томаш Махач со 2-1. На крајот од тој меч, Мареј ги повреди лигаментите на левиот скочен зглоб, а постоеше опција за операција.

Мареј изјави дека деновиве ја соблекол заштитната копачка, ја отфрлил можноста да оди на операција и дека почнува да тренира за во одреден момент да се врати на тениските терени. Се уште не се знае кога ќе се случи тоа, а Мареј веќе нагласи дека сака да настапи на Ролан Гарос и особено на Олимписките игри во Париз, како и на Вимблдон.

Тој победи на Вимблдон во 2013 и 2016 година и на УС Опен во 2012 година. Тој исто така освои две индивидуални олимписки златни медали,  Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Се вчитува...