Првиот светски рекет, Енди Мареј нема да настапи и на претстојниот Мастерс во Синсинати кој се игра следната недела.
Британскиот тенисер соопшти дека ќе го пропушти Мастерсот поради проблеми со колкот, а под знак прашање е и неговиот настап на последниот гранслем сезонава.
„Продолжувам со работата со цел да бидам подготвен за УС Опен. Нема да играм во Синсинати затоа што продолжувам со рехабилитацијата“ – истакна Мареј.
Поради откажување од Мастерсите во Монтреал и Синсинати, Мареј најверојатно ќе остане без првата позиција на АТП листата, затоа што Рафаел Надал ќе го помине доколку стигне до полуфиналето во Монтреал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА