Мареј: Почнувам од почеток, како кога имав 18 години

Енди Мареј ќе направи нов обид конечно да се врати на тениските терени на турнирот во Вашингтон кој почнува денеска. Поранешниот број еден во светот вели дека се чувствува како да почнува од почеток. За 31-годишниот Британец ова ќе биде трет турнир по операцијата на колкот, а прв на цврста подлога. Тој се повлече од Вимблдон, објаснувајќи дека е „премногу рано“ за играње евентуални дуели во пет сета.

„Не сум бил во оваа позиција уште од кога имав 18 години. Ми изгледа како да почнувам од почеток. Имам чувство дека сум подготвен подобро отколку во периодот на турнирите на трева“ – вели Мареј.

Освојувачот на три гранслем титули во мометов е на 832 позиција на АТП листата. Минатата недела доби „вајлд карта“ за учество на Мастерсот во Синсинати на кој ќе треба да се подготви за евентуалното учество на УС Опен на крајот од август.

 

 

 

Се вчитува...