Енди Мареј и Серена Вилијамс во пар ќе се борат на годинашното издание на Вимблдон потврди доцна синоќа поранешниот број еден во светот. Мареј се врати по тешката операција на колкот и со Фелицијано Лопез веќе освои титула во двојки, во Квинс.
На Вимблдон ќе се бори во двете конкуренции во парови. Серена го мина првото коло во сингл, а секако беше расположена за атрактивна двојка со Мареј со кого во 2016 ги освоија титулите на лондонскиот грен-слем. Според планот, Мареј и Серена првиот меч ќе го одиграат в четврток.
Мареј претходно го одбија неколку тенисерки од светскиот врв, меѓу кои и водечката на АТП листата, Ешли Барти. 37-годишната Серена, на Вимблдон веќе има седум титули во двојки, но единствената во мешани парови и е од 1998 година кога славеше заедно со Макс Мирњи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА