Мареј повторно се повлече, ќе се подготвува за Синсинати

На Енди Мареј враќањето на тенисот не му оди баш најдобро. Повторно мораше да се полекува од турнири поради тоа што телото не му е во доволно добра состојба за да биде компетитивен на големите настани.

Тој се повлече од четвртфиналето на турнирот во Вашингтон, а реши и да не настапува на Мастерсот „Роџерс куп“ во Торонто.

„Возбуден сум што одиграв толку многу во претходните денови, особено што не сум играл на цврста подлога цели 18 месеци. Но, морам да бидам внимателен со оглед дека моето тело се враќа во форма по тешката операција“ – изјави шкотскиот тенисер, образлажувајќи ја одлуката.

Мареј најави дека ќе се подготвува за тунирот во Синсинати кој почнува на 13. август, а се надева и дека ќе може да биде дел и од УС Опен.

 

 

Се вчитува...