Некогашниот број еден во светот, Енди Мареј, предвреме ќе ја заврши сезоната во која константно се мачи со формата. Тој направи долга пауза поради операција на колкот и обидите за враќање му се неуспешни.
Тој сега вели дека ќе игра само уште на претстојните два турнири во Кина во следните две седмици и со тоа натпреварувачки ќе ја заврши годината. Целата е да се фокусира на подготовки за 2019 година.
Мареј се откажа од настапот на Вимблдон, а беше поразен уште во второто коло на УС Опен.
„Потребен ми е подолг период за тренинзи за да дојдам во најдобра можна форма за почетокот од 2019 година и повторно да бидам конкурентен на најголемите турнири“ – рече Мареј во видео порака на Фејсбук.
Енди Мареј, кој годинава одигра само осум меча, во моментов е на 308. место на АТП – листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА