Мареј: Сакам да играм против Ѓоковиќ на Австралија Опен

Некогашниот прв тренисер на светот, Енди Мареј и секогашниот „рекет“ број еден, Новак Ѓоковиќ би можеле да се сретнат во третото коло од Австралија Опен доколку Британецот и Србинот успеат да ги совладаат своите противници до оваа фаза.

Тоа предизвика голема возбуда кај Мареј кој веќе подолго време не е во претпознатливата форма. Британецот не ја крие желбата дека сака повторно да си ги одмери силите со Србинот, но како што вели за овој дуел да се случи ќе мора да биде на врвот од самиот старт против Томас Мартин Ечевери, а потоа и со подобриот од средбата на Ханфман и Монфис.

„Бев свесен дека сме во ист дел од ждрепката, но прво морам да се надевам дека ќе дојдам до третото коло. Не бев во добра форма на грен-слемовите во последните неколку години, така да ќе морам да бидам концентриран уште од самиот старт. Сакам да играм против Новак ако е можно“, изјави Мареј.

Се вчитува...