Енди Мареј ги надмина проблемите со повредата на лакотот што го мачеше извесно време, најавувајќи дека во најскоро време ќе се врати на тениските терени. Британецот вчера настапи на хуманитарен меч против Роџер Федерер, по што самиот потврди дека состојбата му е значително подобрена во однос на претходните петнаесетина дена и очекува во најскоро време да се врати во топ-ритам.
„Поголемиот дел од повредата е санирана. Се уште имам проблем при сервисот, кој не е толку силен колку што би сакал, но очекувам за неколку дена се да биде во најдобар ред. Најважно од се е што сум доволно здрав за повторно да играм, очекувам тоа да го покажам веќе на наредниот турнир во Монте Карло“ – изјави Мареј.
Како што е веќе познато, Роџер Федерер нема да настапи на овој турнир, но затоа Мареј ќе има многу силна конкуренција со настапот на Ѓоковиќ, Вавринка и Рафаел Надал, кој најавува атак на нови трофеи на турнирите на земјена подлога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА