Енди Мареј прикажа добра игра на својот камбек на терените по речиси цела година, но британскиот ас сепак не успеа да ја мине својата прва пречка на турнирот во Квинс, губејќи со 1-2 во сетови од Ник Киргиос. Мареј, кој последниот меч го одигра пред 342 дена, долго време беше во контрола, поведе и со 1-0 во сетови (6-2), но немаше сили да го издржи темпото до самиот крај.
Физичката подготвеност дефинитивно беше на страната на Австралиецот, кој најпрвин го доби вториот сет во тајбрејк (7-4), а потоа во решавачкиот сет славеше со 7-5.
Претходно, Новак Ѓоковиќ лесно и убедливо славеше против Австралиецот Милман со 6-2, 6-1, додека Григор Димитров мораше да игра три сета за да триумфира над Џумхур од БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА