Поранешниот тенисер број еден во светот, Енди Мареј, конечно по 11 месеци пауза ќе се врати на терените. Тој најави дека ќе биде дел од Квинс турнирот во Лондон кој почнува утре. Мареј се надева дека ќе се врати во старата форма, дури и дека повторно ќе освојува гранслем титули. Сепак, за почеток нема преголеми очекувања.
„Очекувањата ми се минимални, нивото ќе го кревам како што ќе ја подобрувам формата. Сепак се враќам по пауза од 11 месеци. Се надевам дека повторно ќе освојувам гранслем титули, секако не очекувам тоа да биде набрзо“ – вели Мареј најавувајќи го враќањето.
Последен турнир на кој што настапуваше Мареј, беше ланското издание на Вимблдон. Потоа се повлече поради операција на колкот.
Учеството на Квинс треба всушност да му биде генерална проба пред да се врати на славната лондонска трева на кој триумфираше во 2013 и во 2016 година. Британецот има трофеј и од УС Опен од 2012 година.
Мареј беше број еден на АТП листата во 2016 година, а во моментов, поради долгата пауза се наоѓа дури на 157. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА