Мареј сподели одлични вести – Враќањето на терените се поблиску

Најдобриот британски тенисер на сите времиња, Енди Мареј ги израдува фановите бидејќи изјави дека неговото опоравување се одвива подобро од очекуваното.

„Не чувствувам болка. Потребно е само да видам како ќе реагира колкот. Мислам дека во парови ќе играм сигурно на Вимблдон, а ќе се обидам да бидам подготвен и за во сингл конкуренција“, изјави Мареј.

Трикратниот Грен-слем шампион во февруари по вторпат замина на операција на колкот, а неодамна почна со тренинзи. Последниот меч го одигра на 14. јануари на Австралија опен, против Баутиста-Агут каде беше поразен со 3-2.

 

Се вчитува...