Мареј: Станав тренер на Ѓоковиќ за да го саботирам

Соработката на Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ се уште е во фокусот на тениската јавност во пресрет на стартот на Австралија опен.

Британецот и Србинот некогаш беа големи тениски ривали, а на крајот на минатата година Ѓоковиќ реши да го покани Мареј да му биде тренер.

Тие двајца дури четири пати играа еден против друг во финалето на Австралија опен и Ѓоковиќ ги доби сите четири дуели.

Така Енди ја заврши кариерата, а никогаш не го крена пехарот во Мелбурн.

„Новак ги заслужи сите титули кои ги освои играјќи со мене во финалето. Затоа се согласив да бидам негов тренер. Да го саботирам да не освои уште еден Австралија опен“, изјави Мареј. 

Се вчитува...