Британскиот тенисер Енди Мареј по двегодишна пауза повторно успеа да освои трофеј на турнирите, откако во финалето во Антверпен го совлада Стан Вавринка со 3-6, 6-4, 6-4. Тој со солзи радосници ја прослави титулата која му значи многу со оглед дека успеа да ја оживее кариерата по операцијата на колкот.
„Ова е една од најголемите победи во мојата кариера и титула што многу ми значи. Последните неколку години ми беа многу тешки, воопшто и не очекував дека би можел да стигнам до трофејот“, изјави Енди Мареј по триумфот во Антверпен.
Тоа беше само седми турнир за Британецот по враќањето на тенисот и настапите во поединечна конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА