Во неверојатен маратонски меч британскиот тенисер Енди Мареј го елиминираше Италијанецот, Матео Беретини на самиот старт на Австралија опен со 3-2, по сетови 6-3, 6-3, 4-6, 6-7 и 7-6.
Русинот Андреј Рубљов полесно од очекуваното славеше над поранешниот финалист во Мелбурн, Доминик Тим со максимални 3-0 (6-3, 6-4 и 6-2). Пласман во второто коло во машкиот дел од турнирот обезбедија и: Фриц, Шварцман, Димитров.
Кај дамите елиминација доживеа поранешната гранд-слем шампионка, Гарбиње Мугуруза која во дербито на денот беше поразена од Белгијката, Елис Мертенс со 2-1 по сетови 3-6, 7-6 и 6-1. Пласман во втората рунда обезбедија и: Сабаљенка, Гарсија, Плишкова, Контавејт…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

