Енди Мареј ги израдува своите фанови откако објави кратко видео од првите удари со тениски рекет по новата операција на колкот што му беше направена пред неколку месеци. Британецот на својот инстаграм профил објави видео со назив: „Почеток“, од себе како удира со топче во ѕид.
Со тоа и официјално се означува стартот на трката со времето на поранешниот светски рекет број 1, кој најави дека ќе стори се што е во негова моќ за да настапи на Вимблдон и таму да ја заврши кариерата. Сепак, Мареј додаде и дека нема намера по секоја цена да игра на овој гранслем турнир, особено доколку увиди дека не е подготвен да одигра на посакуваното ниво.
„Не би сакал да дојдам на Вимблдон и да се посрамотам, тоа ќе биде лошо за сите. Ќе работам напорно за да се подготвам најдобро што можам, за два месеци ќе видиме во каква форма сум и дали ќе може да играм на мојот омилен турнир“ – истакна Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА