Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека е многу незадоволен од распоредот на натпревари во Дејвис Купот после поразот од САД во мечот од првото коло во групата Д.
САД во Глазгов ја победија В. Британија со 2-1, а мечот во дубл е завршен во 1 часот после полноќ. Мареј заедно со Џон Сализбери е поразен после три часа игра.
„Веројатно пола од навивачите го пропуштија последниот меч. Тоа не е затоа што не сакаа да останат, имаше и деца, но едноставно тие не можат да останат толку доцна. Не може да останете до крајот на мечот, ако после морате да фатите автобус или воз. На публиката не и лесно да ја одржи атмосферата цели 10 часа“, рече Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА