Марек Хамшик има нов клуб во Европа

Марек Хамшик од денеска има нов клуб откако словачката фудбалска легенда потпиша двогодишен договор со Трабзон. Легендарниот фудбалер на Наполи мина неколку сезони во Кина носејќи го дресот на Далијан, а откако го напушти овој клуб последните месеци ги мина во дресот на Гетеборг, бидејќи Шведска беше една од ретките држави во која преодниот рок во месец март се уште беше отворен.

Хамшик во меѓувреме доби неколку интересни понуди, но се реши да ја избере онаа на Трабзон, клуб кој се надева дека со Словакот конечно ќе биде во можност повторно да го нападне врвот на табелата во турскиот шампионат.

Трабзон го потврди трансферот со импресивно видео во кое словачкиот плејмејкер е претставен како гладијатор…

Се вчитува...