Челси игра како препороден во ерата на Енцо Мареска. Во моментот се наоѓа на делба на втората позиција на табелата, но и покрај тоа италијанскиот стратег не верува дека неговиот тим може да се бори за титулата оваа сезона.
„Сините“ не беа ни блиску до тоа што претставуваа по заминувањето на Роман Абрамович, но вложените 1.5 милијарди евра од страна на Тод Боели за млади фудбалери ќе се исплатат во скоро време и ќе донесат долгорочен резултат, доминација во англискиот фудбал, вели Мареска.
„Не сме во трка за титулата. Не сме, тоа е моето мислење“, изјави Мареска кој потоа продолжи.
„Тоа што им го кажав на сопствениците и на спортскиот директор кога бев пат седнав на клупата е дека мислам дека поради годините и поради тоа колку е добра оваа екипа, Челси во следните пет до десет години ќе биде еден од најдобрите тимови, или тимот кој ќе доминира со англискиот фудбал.
Без разлика кој ќе биде тренер, во следните пет или десет години, поради годините на играчите тие можат да доминираат со англискиот фудбал. Тоа е моето мислење. Во врска со целта, не ме прашаа за било која цел, туку само да изградиме тим за следните години. Мислам дека сме во добар правец“, додаде Италијанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА