Челси го претрпе првиот пораз сезонава во Премиер-лигата откако „сините“ го загубија дербито со Манчестер јунајтед со 2-1. „Црвените ѓаволи“ имаа предност од 2-0 и играч повеќе по црвениот картон на Санчез, но откако Кашемиро доби црвен картон и силите на теренот се израмнија Челси се врати, успеа да постигне еден гол, но не и да освои бод на „Олд Трафорд“.
За Енцо Мареска немаше никаква дилема, црвениот картон на Санчез на самиот почеток беше клучен фактор за поразот на неговиот тим, истакнувајќи дека голманот морал да донесе подобра одлука во ситуацијата кога го фаулираше Мбеумо надвор од сопствениот шеснаесетник.
„Немам дилема, подобро Мбеумо да дадеше гол и да беше 1-0, отколку што останавме со играч помалку по пет минути игра. Ќе имавме уште 90 минути да се вратиме од еде гол негатива, црвениот картон целосно го промени текот на мечот. Тоа беше класичен пример на погрешна голманска одлука, најголема грешка му е што во моментот кога топката тргнува кон Мбеумо, тој најпрвин се враќа наназад, а потоа истрчува напред адвор од шеснаесетиникот. Да не се вратеше, ќе стигнеше прв до топката, но таа негова неодлучност во дел од секундата беше пресудна. Пример за лоша голманска проценка“, истакна Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

