Тренерот на Челси, Енцо Мареска ја коментираше ситуацијата со тимот, и со јануарскиот преоден рок, најавувајќи дека тимот нема да биде активен на трансфер пазарот.
Лондонските „сини“ имаат многу широк играчки кадар, и за очекување беше некои играчи да си заминат, но Мареска изјави дека тоа нема да се случи.
„Не сакаме да продаваме играчи во јануарскиот предоен рок. Но, имаме играчи кои не играат многу, и тоа ги прави несреќни и бараат да заминат. Ќе видиме што ќе се случува, но не сум за тоа да менуваме многу на сред сезона“, изјави италијанскиот тренер.
За потсетување дека Челси во следниот период останув а и без украинскиот фудбалер Михајло Мудрик, кој беше позитивен на допинг тест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА