Повратничката сезона на Челси во Лигата на Шампионите не започна славно откако „сините“ доживеаја дебакл во Минхен губејќи од Баерн со убедливи 3-1.
Овој пораз сепак не го загрижува тренерот Енцо Мареска кој вели дека неговиот тим има што да научи од натпреварот во кој не беа искористени шансите па следеше казна од искусниот германски тим.
„Имам чувство дека од овој пораз од Баерн можеме да изградиме нешто посебно. Можеме многу да научиме од овој натпревар. Но, покажавме дека можеме да се натпреваруваме“, изјави Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

