Мареска: Не ни беше досуден пенал, а потоа ни стигна извинување кое ништо не ни значи

Тренерот на Челси Енцо Мареска го критикуваше судењето на натпреварите на Челзи. 

Италијанецот вели дека извинувањата после грешките на судиите не значат ништо, и дека некој друг треба да се срами од тие недостатоци.

„Се сеќавам дека пред два или три натпревари не ни досудија пенал, а потоа добивме писмо во кое добивме извинување, но тоа нема да промени ништо. Извинување не ни треба. Ние од клубот не се срамиме од ова, некој друг треба да се срами. Ги сакам моите играчи, секј еден од нив. Тие секогаш го даваат најдоброто од себе“, рече Мареска.

Се вчитува...