Челси оваа сезона игра многу подобро од претходните, а двигател на се е новиот тренер Енцо Мареска. Сепак, на „Сините“ им треба повеќе време за да бидат претенденти за титулата смета тренерот на лондонскиот клуб.
Енцо Мареска дојде во Челси и направи промени кои позитивно се одразија на клубот и постоечкиот играчки кадар. Сепак, тренерот на трофејниот англиски клуб не претерува со своите очекувања.
„Не, не сме во конкуренција за титулата, веќе зборував за тоа. Сè уште не сме таму. „Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал се во борба за титулата, тие се пред нас“, изјави Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА