Мареска нема да експериментира со Челси – со себе го носи и „мозокот“ на Лестер (ВИДЕО)

Еден од клучните фудбалери на Лестер од сезоната 2023/24, Кирнан Девсбери-Хол ќе го следи тренерот Енцо Мареска и новата сезона и ќе го облече дресот на Челси, пренесуваат англиските медиуми.

Англиските клубови ја продолжија добрата соработка која ја имаа изминатите години и договорија трансфер вреден 35 милиони евра за 25-годишникот кој се очекува наскоро да биде и официјализиран.

Девсбери-Хол ја заврши минатата сезона во Чемпионшипот со фудбалски „дабл-дабл“ бележејќи 12 голови и 14 асистенции во шампионската сезона на „лисиците“ од „Кинг Пауер“ стадионот.

Со нив е вториот најдобар стрелец, најдобриот асистент, фудбалерот кој креираше најмногу шанси и реализираше најмногу додавања во противничкиот шестнаесетник.

 

Се вчитува...