Сезоната 2024/25 ја врати загубената надеж на навивачите на Челси за добри денови на клубот од „Стемфорд Бриџ“. Под водство на Енцо Мареска се заборавени последните тешки години и сега овој клуб е еден од претендентите за титула во елитниот шампионат.
И покрај тоа што навивачите се надеваат на титула, Марека постојно повторува дека неговиот тим не е подготвен за шампионско славје со оглед на честите грешки кои се случуваат во одбраната.
А, со цел подобрување на одбраната италијанскиот стратег цели кон засилување. Превенствено на голманската позиција каде Роберто Санчез и не е најсигурен. Истото се очекува да дојде од редовите на Борусија Дортмуд. Станува збор за голманот Грегор Кобел.
Швајцарскиот голман не е единствениот кој Челси го има „пикирано“ за засилување од германскиот гигант. Се споменува и Карим Адејеми, 22-годишниот талент кој перфектно би се поклопил во младиот тим кој го гради Марекса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА