Мареска: Очекував пад на формата и кога многумина зборуваа за титула

Челси влезе во резултатска криза откако „сините“ освоија само два бода во последните четири рунди, иако против себе имаа противници од долниот дел од табелата (порази од Ипсвич и Фулам, реми со Евертон и со Кристал Палас).

Енцо Мареска и во периодот кога неговиот тим газеше се пред себе предупредуваше дека Челси е далеку од шампионски тим, но сега пред Италијанецот е сериозен предизвик – да го врати тимот на победнички патеки.

„Пред две-три седмици многумина зборуваа за титулата во Челси, јас и тогаш велев дека е рано за такви разговори. Начинот на кој игравме во тој период, логично беше да се очекува во еден момент да дојде до пад во нашата форма. Во овој згуснат распоред секому може да му се случи да влезе во црна серија, не постои една причина за она што се случува бидејќи секој натпревар е приказна само за себе. Јас и тогаш велев, истото ќе го повторам и сега – не станува збор за изгледот на табелата, туку да се напредува во играта. Ако успееме во тоа, резултатот ќе дојде. Можам да кажам дека не бев задоволен како изгледавме на последниот меч со Палас, не бевме доволно добри ниту во поседот на топка, но и кога топката беше кај противникот“, истакна Мареска.

Се вчитува...