Челси се одлучи да пречртка четворица фудбалери за идната сезона, а меѓу нив и португалскиот интернационалец Жоао Феликс, кој се врати од позајмицата во Милан.
Тренерот Енцо Мареска покрај Феликс, за идната сезона ги пречкрта и голманот Ѓорѓе Петровиќ, потоа крилниот фудбалер Рахим Стерлинг, и Аксел Дисаси. Сите овие не патуваат со екипата на Светското клупско првенство.
Претходно Челси го ослободи и Џејдон Санчо, кого го врати во Манчестер Јунајтед, и му исплати казна од 5 милиони евра. Лондонските „сини“ ќе се ослободат од уште еден голман, во случај да Мајк Мањан пристигне на „Стемфорд Бриџ“ ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

