Англискиот премиерлигаш Челси и ова лето е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот. Новиот тренер Енцо Марсека досега ангажираше девет нови фудбалери од кои последен е Педро Нето по чие официјализирање сумата потрошена на нови фудбалери ќе се зголеми на 200 милиони евра.
Покрај Нето се очекува и официјализирање на соработката со Саму Омородион, 20-годишниот Шпанец кој пристигнува од редовите на Атлетико Мадрид, а тој нема да биде последното засилување во нападот, пренесуваат англиските медиуми.
Марсека не е задоволен од „арсеналот“ во нападот, во Омородион не се гледа на стабилен првотимец, барем не во следната сезона додека не се прилагоди на англискиот фудбал па очекувањата се дека „сините“ ќе доведат најмалку уште едно засилување на оваа позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА