Енцо Мареска не го криеше разочарувањето откако Челси во четвртото коло по вторпат остана без цел плен во Премиер-лигата, овојпат на гостувањето против Брентфорд.
„Сините“ во драматичен меч се вратија од негатива од 1-0, поведоа со 1-2 преку Каиседо, но примија гол по изведен аут во судиското продолжение што значеше само еден освоен бод наместо посакуваниот цел плен.
„Свесни сме дека нема да победуваме на секој натпревар, но ова реми навистина боли бидејќи бевме така блиску до победата. Во првото полувреме не бевме доволно добри, но во вториот дел го покажавме вистинското лице, успеавме да се вратиме и да поведеме. Моравме да бидеме попаметни во финишот, кога ќе дадеш гол за 1-2 во 86. минута треба да знаеш да го намалиш темпото, да го приведеш мечот до крај. Ние не го направивме тоа и бевме казнети. Два загубени бода кои болат во моментов, но меч од кој дефинитивно ќе извлече поуки“, истакна Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

