Менаџерот на Челси, Енцо Мареска ги коментираше шпекулациите за негова преселба во Манчестер Сити, каде би го заменил Пеп Гвардиола на кормилото на „граѓаните“ на крајот на сезоната, кога веројатно Шпанецот ќе ја напушти клупата на некогашниот англиски и европски првак.
Многу медиуми веќе пишаа дека Италијанецот ќе го замени Гвардиола на клупата на тимот од „Етихад“, меѓутоа Мареска рече дека не размислува за ништо друго освен за Челси.
„Воопшто не ме засегаат шпекулациите, затоа што знам дека тоа се 100 проценти шпекулации, а јас немам време за такви работи. Имам договор до 2029 година, и целиот мој фокус е кон овој клуб, и горд сум што сум тука. Пред неколку недели се случи истото и со Јувентус. Не обрнувам внимание на тоа. Имам договор до 2029 година, и немам повеќе што да додадам“, изјави Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

