Менаџерот на Челси, Енцо Мареска зборуваше за битката во Лигата на шампионите идната сезона. „Сините“ се во добра позиција да освојат едно од првите четири места, кое носи пласман во најелитното европско натпреварување, но Мареска кажа дека тоа не било целта.
Италијанецот на клупата на „сините“ рече дека од него не се барало да го однесе тимот во Лигата на шампионите, барем не во првата сезона.
„Никогаш не сум кажал дека нашата цел е пласман во топ 4. Клубот не ми постави цел да завршиме меѓу првите четири тима во Премиерлигата. Кога потпишав, целта беше да играме во Лигата на шампионите во рок од две години, а не во рок од една. Токму затоа многу пати сум кажал дека ги надминуваме очекувањата. Ќе видиме каде ќе завршиме на крајот“, изјави Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

