Тренерот на Челси, Енцо Мареска не го криеше разочарувањето од испуштените бодови во Божиќниот натпревар против Фулам во кој неговите фудбалери водеа до 81. минута, имаа шанси и порано да го решат прашањето за победник, но на крајот ривалот од Лондон на „Стемфорд Бриџ“ успеа да направи целосен пресврт за победа од 1-2.
Италијанскиот стратег кој јавно говореше дека неговиот тим не е подготвен да се бори за титула, тоа одново го потенцира.
„Пораз кој навистина не боли, особено поради начинот на кој го загубивме натпреварот во последната минута. Можевме подобро да го контролираме натпреварот, но ова е натпревар од кој можеме многу работи да научиме. Многу пати потенцирав дека сме многу, многу млад тим, но важно е да видиме како овие момци растат и напредуваат.
Реков многу пати, без обѕир на тоа дали добиваме натпревари или не, дека поради повеќе причини не сме подготвени за титула. Повторувам, најважно е да видиме како овој тим напредува“, изјави Марекса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА