Енцо Мареска е убеден дека ќе успее да го извлече максимумот од Џејдон Санчо откако крилниот офанзивец пред самиот крај на преодниот рок потпиша за Челси откако не доби шанса од Ерик тен Хаг за докажување во дресот на Манчестер Јунајтед.
Санчо не беше повикан во англиската репрезентација, па оваа пауза ја искористи за интензивни тренинзи во новиот клуб и докажување пред стручниот штаб предводен од Мареска.
„Џејдон Санчо е токму она што го очекувавме, токму она што ни требаше во тимот. Тој е многу квалитетен играч, особено во ситуациите еден на еден, ќе ни донесе квалитет во завршната третина од теренот. Не се сомневам дека ќе ни биде од голема помош“, изјави Мареска.
Останува да се види дали зборовите на тренерот на Челси ќе станат стварност, но и колкава минутажа ќе има Санчо во новиот клуб ако се земе во предвид неверојатната конкуренција во лондонските „сини“ за место во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА